Во синоќешното „Само интервју“ на Канал5, премиерот Зоран Заев убедуваше дека државата нема да субвенционира вработувања по етнички клуч, нешто што го најави првиот вицепремиер Артан Груби, а го потврди и министерот за финасии Фатмир Бесими кој даде пример дека и во Гугл, извршен директор е Индиец.



„Неуставно е етничко субвенционирање на приватни фирми. Нема таков газда кој вработува по етнички однос. Неуставно е и готово“, рече Заев.

Премиерот уверува дека нема газда на приватна компанија кој вработува етнички.

Тој рече дека владата мора унисоно да излегува со ставови за ова прашање, откако министри од ДУИ и од СДСМ различно се произнесоа дали во владината програма е предвидено субвенционирање на приватни компании кои ќе вработуваат по етничка основа.