Премиерот Зоран Заев најави дека граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи за нив ќе се обезбедат вакцинирани попишувачи.



„Ќе се трудиме со максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи.

Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи“, изјави премиерот.

Голем дел од попишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи, вели премиерот. Според него, пописот ќе трае 25 дена што е доволно да се соберат сите податоци за граѓаните.