Во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител премиерот Зоран Заев дека ќе се направи проценка за тоа за колку пари може да се продаде „мерцедесот“ набавен од владата на Никола Груевски, а за кој осудени се три лица.
„Ние сега откако завршија сите судски процеси треба да направиме вештачење, да видиме колку пари ќе се понудат. Ако се покаже дека не вреди да се продава, тогаш нема да го продаваме.
Ќе остане за странски делегации. Јас дефинитнвно нема да се качам во него, но за делегациите врши работа, рече Заев.
Во предизборна кампања зЗаев ветуваше дека „мерцедесот“ ќе биде продаден и со тие пари ќе се купат амбулантни возила.





