Во интервју за Дојче Веле на македонски јазик, премиерот Зоран Заев најави легализација, односно декриминализација на употребата на марихуана во угостителските места.



„Тоа е дел од еден поширок економски пакет во којшто полагаме голема надеж“, вели премиерот.

На сугестијата во прашањето „ќе правиме ли Амстердам од Скопје?“, премиерот со одговор: „Зошто да не!“

„Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот“.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели премиерот за „Дојче веле“

Стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира, објаснува Заев.

„Верувам, за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места.” Неговата проценка е дека овој проект може да им помогне и на угостителската дејност, но и на туризмот генерално.

„Ова е алатка со која можеме да ги дигнеме услужните дејности, затоа што тие малку учествуваат во домашниот БДП“, смета Заев, но ветува дека на оваа тема ќе се отвори широка дебата, па „ако мнозинството каже ’не чепкајте таму’, нема да чепкаме.” вели премиерот во интервју за Дојче веле.