Заев за Дојче веле: Нема да паднеме од власт!

Премиерот во заминување Зоран Заев во интервју за Дојче веле, меѓу другото, ја исклучува можноста дека Преспанскиот договор нема да преживее доколку СДСМ ја изгуби власта:



„Ние нема да паднеме од власт“ – вели премиерот кој на 3-ти јануари пореба да поднесе оставка на функцијата.

„Се разбира, граѓаните на слободни избори ќе донесат одлука, но јас најсилно ќе се борам и ќе се залагам да укажам најпластично, најилустративно, најдраматично што ќе се случи ако се врати режимот.

Сѐ што направивме за две и пол години, а направивме многу, ќе биде отфрлено. Она што го најавува опозицијата е закана дека ќе биде поништен договорот од Преспа, тоа значи дека земјата ќе биде доведена да биде исклучена од НАТО.

Но едно е јасно, граѓаните кои во огромно мнозинство ги поддржуваат ЕУ и НАТО интеграциите на земјата, нема да дозволат земјата да скршнe од патот за кој се бореа генерации“, вели Зоран Заев во интерју за Дојче веле.

Целото интервју на следниот ЛИНК