Премиерот Зоран Заев не ја коментираше вчеррашната одлука на Апелација притворот на Драги Рашковски да биде заменет со куќен притвор.



Претходно, поранешниот ген-сек во владата на премиреот Заев понуди половина милион евра гаранција за цесолсно излегување од притвор, но тоа му беше одбиено.

„Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор“, рече Заев во одговор на новинарско прашање да даде коментар за куќниот притвор на Рашковски.