„Не чувствувам одоговорност затоа што целиот свет знае да не пофали, знае да не награди и да го покаже тоа колку сме луѓе со поглед кон иднината и Европејци и тоа го правиме во европски манири“, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на Советот за безбедност.
Заев и шефот на државата го делат ставот дека „направиле напори за почеток на преговорите со ЕУ и дека барањата на Бугарија не биле дел од Договорот за добрососедство“.
Претседателот Пендаровски рече дека не е потпишано ништо надвор од Договорот за добрососедство.
„Не чуствувам одговорност за ветото затоа што не сме потпишале ниту договориле ни писмено ни усмено ништо надвор од Договорот за добрососедство. Да сме потишале тогаш би можеле да барате одговорност. Не да барате, сами ќе си заминеме“, рече Пендаровски.





