Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција нагласи дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија за решавање на прашањето за Гоце Делчев и за јазикот, бидејќи треба да се постигне решение што ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни ефекти и за Северна Македонија и за Бугарија.
„Јас верувам дека во сите тие документи и коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавје или шеста историска личност која може да бдие ослична можност да не сплотува, да не зближува да го јакен пријателството.
Ќе бидеме внимателни во коментарите затоа што знаеме дека треба да постигнеме решение кое што треба ќе носи придобивки на двете за двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни позиции и на Северна Макеоднија и на Бугарија“, изјави премиерот.
Прашањето за македонскиот јазик одново стана актуелно откако на предлогот на вицепремиерот, Красимир Каракачанов, бугарското Собрние го преименува 24-ти од Ден на сесловенската во Ден на бугарската писменост.






