Дали се обврзувате дека нема да имате никакви претензии кон Бугарија?



„Испративме документ кој не е за премиерот Борисов или за министерката за надворешни работи Захариева, туку за граѓаните – за Бугарите и Македонците, за да знаат што се случува. Во него напишавме дека немаме територијални претензии и дека нема да се мешаме во внатрешните работи.

Во овој документ јасно ставаме до знаење дека немаме побарувања за малцинства. Овој меморандум мора да биде одобрен од двете меѓувладини комисии.

Владата на Република с. Македонија ќе го објави во „Службен весник“ со цел да има законски обврски за негово спроведување“ открива премиерот Зоран Заев во денешното интервју за БГНЕС.