Заев за апсењето на Рашковски: Нема недопирливи

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема недопирливи по случајот околу приведувањето на Драги Рашковски, кој утрово беше однесен нараспит во Кривичен суд.



„Тоа е уште еден доказ дека нема недопирливи. Дека некој што бил секрететар на владата, и бил во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите. Институциите си ја вршат својата работа. Нема недопирливи ниту од власта, ниту од опозицијата. Треба да остане дека никој не е виновен, се додека не се покаже спротивното. Генерланиот секретар Мухамед Зекири ја доставил целата документација до ЈО. Уште еднаш ќе кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите“, рече Заев.

Премиерот неодамна тврдеше дека набавката на софтверот на Рашковски кој е купен но никаде не се користи – била законска.