Заев: Граѓаните одат напред во ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев синоќа на неговиот Фејсбук профил ги повика граѓаните да излезат и да се изјаснат на претстојниот референдум за Договорот со Грција што треба да се одржи на 30 септември.



„Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ“, напиша премиерот во постот на ФБ кој е дел од владината кампања за есенскиот референдум.