Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма откри дека неговата партија во моментов има поголема поддршка за 6 проценти во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а до есен очекува предноста да се зголеми на 8 отсто!
Разликата, според експремиерот, се должи на „правилно димензионираните економски мерки“, благодарејќи на кои македонската економија ќе имала најмалку последици од коронакризата, како и на „рејтингот од 82-78 отсто на министерот за здравство Венко Филипче и на здравствените комисии“.
„Еве ако МКД.мк објавила анкета на која води ВМРО-ДПМНЕ, треба господинот Мицкоски час поскоро да излезе на избори. Таа (анкета – н.з.) е проопозициона. Од тоа што го гледаат сите е јасно кој води, но еве на крајот ако е точна таа анкета на ВМРО-ДПМНЕ, нека истрчаат на изборите и, нели, ќе си победат“, изјави Заев.
Тој е убеден дека СДСМ ќе ги добие изборите: „Од тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, уверен сум дека ќе имаме нов мандат“.





