Заев: Во СЈО земале помали бонуси отколку што вели Антонио Милошоски

„Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали коишто носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители“ вели премиерот Зоран Заев според кој државниот јавен обвинител е тој кој може да ја побара и да ја соопшти информацијата за тоа како се делеле бонусите во СЈО.



„Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост, и која е вистинската номинална нето плата која што ја земале специјалните јавни обвинители“, вели Заев.

„Но сигурно бројките се далеку помали од тоаh што Антонио Милошоски шпекулира или одредени други луѓе. Ве молам во името на професионализмот да ги побарате информациите во делот на самата институција, таму можат да ви дадат директни точни информации заради тоа што се работи за јавни пари. Веројатно таму и службата која што постои може да даде информации. На крајот, одговорноста преку самиот закон е премината, односно предметите имаат своја иднина. Државниот јавен обвинител може да ја побара информацијата и да ја даде. Не би било сходно јас како премиер да барам точна информација  или слично заради тоа што се работи за ЈО, но можат да ви дадат точна информација за сите“, вели Заев.