Заев во Охрид: Стопирана е изградбата на минарето

За Али пашината џамија има само одобрение за конзерваторско–реставраторски работи и реконструкција, а изградбата на минарето е запрена.



При денешната посета на Охрид, премиерот Зоран Заев рече дека  ова прашање ќе се разгледува на заеднички состанок по изборите и ќе се бара решение со оглед на тоа дека станува збор за сензитивен период.

Премиерот вели дека  Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиско разбирање.