Гоце Делчев ќе биде една од темите на разговор на средбата, која премиерот Зоран Заев ја најави со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а која треба да се реализира во Софија на почетокот на ноември.
Премиерот Зоран Заев во ноември во Софија ќе се сретне со бугарскиот колега Бојко Борисов, а на првата средба на премиерите по бугарскиот објаснувачки меморандум упатен до земјите-членки на ЕУ, ќе стане збор и за Гоце Делчев.
„Очекуваме во периодот, не подоцна, од 10 ноември да направиме една средба. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори, а тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата, соопшти премиерот на заедничката прес-конференција со новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир.





