Премиерот Зоран Заев, најави дека во јануари Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.



На партиската трибина во Велес, премиерот информираше дека во петокот премиерот на Шпанија, Педро Санчез, му соопштил дека набрзо ќе биде формирана новата влада во Мадрид по изборите одржани на 10. ноември.

„Шпанија многу брзо ќе формира влада и ќе го ратификува протоколот за НАТО што го очекуваме. Кон крајот на ноември Франција ќе го ратификува во Парламентот, бидејќи Сенатот веќе тоа го направи. Така, сите земји на НАТО ќе го ратификуваат протоколот“, изјави Заев синоќа на трибината за време на партиската кампања „На прав пат“.

Шпанија и Франција се последните од 29-те членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.