По последните изјави на еврокомесарот за проширување, Оливер Вахеји, кој рече дека е можно одвојување на процесите за С Македонија и Албанија за пристапување кон ЕУ, премиерот Зоран Заев во понеделник ќе има средба со шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен од која ќе побара одговри што сакал да каже Вархеи во изјава за „Еуроњуз“, рече дека Брисел би можел да ги продолжи разговорите со Албанија за членство во ЕУ дури и во време кога преговорите со С Македонија се во застој поради бугарското вето.
„Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека немаме успех во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за зедничко решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“,
На ова се спротивставија официјални лица од ЕУ, како и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот и словачкиот шеф на дипломатијата, Иван Корчок, кои инсистираат на побрз почеток на преговори и со двете земји.
Но, портпаролката на Европската комисија за проширување Ана Писонеро вчера изјави дека и С Македонија и Албанија се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека она што го кажа еврокомесарот Оливер Вархеји за можното раздвојување, е една од опциите во теорија.







