Премиерот Зоран Заев вели дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини за Ковид-19, и се прави одмерување бидејќи, како што рече, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација, пренесува Сител.



„Така што се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам, здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Фајзер, Астра Зенека или се работи за Синофарм или за Спутник од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги исколкулирате сите количини.

Така да не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така да не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините“, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.