Заев ветува поголем раст на пензиите по Нова Година

Од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, вети премиерот Зоран Заев денеска од Делчево.



Досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало.

„Секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати, рече Заев.

Тој додаде дека кај нас просечните плати кај нас растеа 10 проценти повеќе од растот на цените на мало.

„Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите“, рече Заев.