Премиерот Зоран Заев најави дека наскоро ќе биде отстранета дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“.



„Многу брзо ќе почнат активности на терен за да се справиме со ова незаконско дејание што ни се случува дрско пред нашите очи, во центарот на градот. Денес ќе донесеме конкретни одлуки кои ќе ги соопштиме после седница на Владата. Во деталите на самите одлуки ќе бидат наведени правните постапки како би требало Владата да пристапи во испорачување на помош на Општина Чаир, која што има записник и решение дека објектот е дивоградба, но нема фирма изведувач да го спроведе решението за отстранување“, рече Заев, одговаракчи на новинарско прашање околу проблемот на дивоградбата за која никој не се јавува на тендер за нејзино уривање.