Премиерот Зоран Заев проверил преку институциите и изјави дека се води случај за еден сопственик на ТВ под псевдоним Коки кој се занимава со корупција, рекет и перење пари како што подолго време се шпекулира во јавноста.
„ Горко е чувството ако постои такво нешто и подготвен сум да помогнам ако има потреба“ – одговори Заев на пратеничко прашање од Антонијо Милошоски.
Пратеникот го праша Заев дали знае кој стои зад псевдонимот Кики кој бил висок функционер во СДСМ и соработник на Коки.
„Кики и Коки биле кај една градоначалничка да бараат пари. Дали знаете која е таа градоначалничка? СДСМ има пет градоначалнички. Дали знаете кои се луѓето со псевдонимот Коки и Кики и дали ги познавате“, праша Милошоски, пренесува „Слободен печат“.




