Чуден е овој Мицкоски и неговите околу него. Знаете како, секаде тој се слуша во едни други бомби како тој договара, како прави криминал, како заштитува криминалци, како го осптруира носењето на Законот за јавно обвинителство, како редовно прима пари за финансирање на партија и на кампања и тоа го покажува грдото лице, одговори денеска во Штип лидерот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање за аудио снимките каде се споменува негово име.
Тој вели дека преку оваа бомба опозицијата се обидува со разговори помеѓу трети лица да го инволвираат.
„Заев работел чесно, Заев работел поштено, Заев покажал комплетна посветеност за својот народ, за својата земја. Уште еднаш ќе испратам порака до сите дека сето ова што власта го правеше во целиот овој период е конкретно видливо и докажливо. Сето она што го зборува опозицијата е бла, бла, ништо повеќе. Требаше храброст за да падне режим – 2015 видоа храброст, требаше храброст да го обединиме нашето мултиетничко општество, да го создадеме концептот „Едно општество за сите“ за да денеска имаме мирни духови – еве им храброст“ – вели Заев.






