Премиерот Зоран Заев ја отфрли можноста тој сега да се кандидира за претседател. Иако смета дека би бил идеален консензуален кандидат, вели дека е млад за таа функција.
„Јас би бил идеален консензуален кандидат за претседател, гледајќи ги рејтинзите, ама уште сум млад за да се кандидирам“, одговори Заев на новинарско прашање „дали битката за претседател ќе ја водат две дами“? (Силјановска и Шекеринска).
Тој рече дека идејата две дами да се борат за функцијата шеф на државата му се допаѓа, пренесува Телма.




