Заев: Веќе не сакаме да стоиме и да чекаме, време е ЕУ да испорача (ВИДЕО)

„Веќе не сакаме да стоиме и да чекаме. Знаеме дека нема друг пат, освен европскиот. Не бараме повеќе од она што сме заслужиле, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно побргу. Уште во март 2020 беше потврдено дека Северна Македонија ги има исполнето своите обврски и сега е време ЕУ да испорача“, порача денеска премиерот Зоран Заев по средбата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.



По средбата, Заев и Борел дадоа изјави, при што македонскиот премиер рече дека земјата е посветена на европските вредности и на спроведувањето на стандардите и критериумите на ЕУ.

„Може ли да зборуваме за Западен Балкан без Северна Македонија? Може ли да зборуваме за Европа без Западен Балкан? Не!“, порача Заев додавајќи дека позитивен чекор напред за Северна Македонија би претставувал охрабрувачка порака за целиот регион“, рече Заев.