На вечерашната седница на партискиот Централен комитет на СДСМ се очекува премиерот во заминување Зоран Заев, да предложи предложи кандидат за технички премиер во владата за спроведување на парламентарните избори договорени за април.
Предлогот прво треба да помине и на Извршниот комитет.
Според медиумите, речиси е извесно дека на чело на пржинската влада ќе застане министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Сепак, за оваа функција се споменуваше и актуелната министерка за труд и социјала Мила Царовска.





