Заев убеден дека парламентарното мнозинство расте

Премиерот Зоран Заев очекува зголемување на парламентарното мнозинство, вели дека Владата е стабилна и дека вчера тоа го потврдиле и партнерите во коалицијата што ја предводи неговата партија.



„Тоа е затоа што веруваат во проектите што ги работиме, во нашата филозофија, интеграциските процеси, веруваат во едно општество за сите и крупните политики во државата. Не може, Мицкоски или кој сака да привлече од тоа мнозинство затоа што не нуди нешто подобро. Во моментот кога ќе понуди нешто подобро, тогаш се е отворено и тоа е демократијата.

Причината е политиката, определбата, вербата на тие што ги претставуваат граѓаните, тоа се пратениците. Тие имаат одговорност и сакаат да се пофалат со нешто добро. И затоа очекувам зголемување на парламентарното мнозинство, рече Заев вечерва во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Вели дека не се потребни предвремени избори, туку периодот од 2,5 години до завршувањето на мандатот, да го посвети на економијата.