Македонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека по изборите во земјава и во Бугарија, можно е да се најде решение со бугарската страна, а низ дијалог ќе се бара решение.
„Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса.
Втората причина е што во разговорите се движиме на добар пат.
Меѓусебната разбирачка сè повеќе е присутна во разговорите. Тие да не разберат нас, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас“, изјави Заев.
Бугарскиот техничи премиер Стафан Јанев денеска најави динамика во дијалог но не и за подгвеност Бугарија да оттапи од нејзините барања бетонирани со Декларација во бугарскиот парламнмент.






