Премиерот Зоран Заев изрази задоволство од добиената доверба во Собранието и не му пречело што парламентарното мнозинство има само 62 пратеника, бидејќи тоа ги држело будни.
„Убаво е мнозинството да е поголемо од 62, ама вака нè држи будни. Верувам дека ќе издржи 4 години. Тоа носи и свои придобивки. Ја користам секоја можност да испратам апел, на ниво на проекти, да застанат колку што може повеќе пратеници од 62. Продолжувам да работам, да афирмирам, да замолувам и да анимирам за да се приклучат пратеници. Ако успееме, веднаш ќе соопштиме, ако не, 62 е стабилно мнозинство. Тешко беше за време на пандемија, имаме еден болен, еден во самоизолација и немате мнозинство да почнете седница, да носите одлуки“, изјави претседателот на Владата, кој сам побара гласање доверба.






