Кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска имаше средба со граѓаните од општина Брвеница на која, меѓу другото, се осврнала на неуспешниот референдум за промена на името на земјата.



Силјановска рече дека по неуспешниот референдум очекувала премиерот Зоран Заев да поднесе оставка.

„Така прават сите премиери кога нема да успее референдум, но тоа тој не го стори. Откако беа паднати на земја, ден, два потоа, си продолжија иако во законот за референдум и други форми на лично изјаснување има јасна одредба дека резултатот од референдумот мора во рок од 60 дена да се одрази на сите постапки и на донесувањето на акти.

Но, тие си продолжија со промена на Уставот, заборавајќи дека нивниот легиминитет извира од граѓаните кои рекоа „не“, изјавила Силјановска,  соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.