Заев: Треба да се зграпчи првата можност за избори

Лидерот на СДСМ во гостување во „Утрински брифинг“ изјави дека треба да се зграпчи првата можност за избори, зошто не знаеме дали ќе има втора можност, бидејќи ставовите на светската здравствена фела е дека е можно повторно враќање на короната на есен.



„Ако се случи тоа, ние ќе влеземе во апсолутно пробивање на сите можни уставни рокови, околу мандатот на пренесените надлежности од граѓаните на политичарите. Очекувам низ дијалог да ги потврдиме работите околу изборите“, рече Заев.

За можниот термин за избори, претседателот Заев порача дека последниот збор за тоа ќе го дадат надлежните здравствени институции и комисии.

Ако здравствените експертски комисии оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, затоа што нема ништо поважно од здравјето на граѓаните, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, на гостувањето во „Утрински брифинг“.