Зоран Заев со сопругата Зорица се фотографираа со Доналд Трамп и сопругата Меланија, по што премиерот се пофали со целосна поддршка за Преспански договор од претседателот на САД, нарекувајќи го „врвен лидер и креатор на глобални договори“.



„Чест ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот на Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори“, објави Заев на Твитер.