Заев „со својот кредибилитет“ ќе држел економска лекција!

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител ја објасни својата одлука да го преземе и Министерство за финансии од реконструираниот Драган Тевдовски.



„Единствената причина е моето влегување, а не работењето на Тевдовски. Не е дека сум нeзaдoвoлeн. Влегувам во последната фаза јас лично како политичар што добил мандат од граѓаните дефиниран преку Парламентот да ја составам Владата во конечните реализации на програмските определби. Следуваат доста храбри, доста решителни чекори за кои имам чест и одговорност да ги носам јас. Оваа 2019 година ја прогласивме за година на економијата во Република Северна Македонија. Заокружени се сите процеси. Очекувам во декември да станеме членка на НАТО, а во октомври да ги отвориме поглавјата 23 и 24 конечно по 15 години. За мене е неповторлив, драгоцен момент кога нашето општество, нашата држава, нашиот народ мора да го искористи. Доаѓаат убави времиња комплетно за сите граѓани на нашата земја, треба максимално да го искористиме претстојниот период и затоа влегувам комплетно, со својот кредибилитет, со целата своја одговорност, за да одржиме економска лекција“, изјави Заев, најавуваќи смена на 200 функционери до почетокот на јули во рамките на операцијата „Метла“.