Заев со притисок ги премислува пратениците за ново мнозинство

3аев продолжува со притисоци во Собранието на Република Македонија со цел да ја сочува властавели пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во утринската програма на Телма.



Пренџов гледа на вчерашната посета на Заев на Собранието на Република Македонија како притисок и посочува дека се вршени закани и уцени врз пратеници со цел да не гласаат за недоверба на Владата.

Пример за делувањето на Заев е премислувањето на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџеп, вели пратеникот посочувајќи дека најпрво се потпишал на списокот за гласање на недоверба на Владата, за потоа да најави дека го повлекува потписот наводно поради тоа што не знаел дека пратениците на Левица ќе бидат дел од оние пратеници кои ќе ја изгласаат недовербата на Владата.

Индикативно на сето ова кое го говори Пренџов е фактот што потписите на пратениците на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев стојат веднаш до потписот на Скендер Реџепи што упатува дека пратеникот ниту бил излажан, ниту измамен и знаел кој се ќе гласа за недоверба на Владата. (Лидер)

Премиерот не даде оставка на функцијта вчера и покрај тоа што ја најави на денот кога СССМ доживеа дебакл на локалните кога изјави дека без Скопје, не моѓе да управува со државата…