Минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34.000 илјади денари до крајот на мандатот на идната влада на СДСМ на чие чело ќе биде тој, најави денеска претседателот на партијата, Зоран Заев на прес-конференцијата во Штип.
Зав вети дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.






