Заев со нова голема лажна вест: Македонија е членка на ЕУ? (ВИДЕО)

Премиерот Заев денеска јавно изјави дека Македонија е членка на Европската Унија.



Оваа шокантна изјава не ја дообјасни ниту тој ниту пак од владиниот тим за пропаганда денеска има повлекување на изјавата, реакции или објаснувања за тврдењето на премиерот дека земјата е веќе членка на ЕУ.

Зборувајќи за односите со Бугарија премиерот прво рече дека Македонија поради позициите на Софија можеби нема да ја одржи меѓувладината конференција што практично ќе значи дека се започнати преговорите за членство.

Потоа Заев во видеото објаснува дека работите одат добро и дека Македонија веќе е членка на Европската Унија.

Делот каде што Заев тврди дека Македонија станала членка на ЕУ е во вториот дел од видеото.

https://www.facebook.com/1915590235379059/posts/2811386949132712/