Заев со нова чудна изјава за софтверот на Рашковски

Премиерот Зоран Заев во врска со набавката на софтверот кој е купен но не се користи вели дека има писмена комуникација помеѓу Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за внатрешни работи.



„Има причинско-правни последици зошто е тоа така направено. Со документи ќе покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во МВР. Се работи за објектив кој снима 360 степени, набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е направено со причина. Не ни текнало така нас седејќи во Владата, ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребат“, изјави Заев.