Недипломатска изјава на премиерот за начинот на кој македонските соседи прават државни договори кои според него се надвор од правилата на Европското законодавство.
Заев тврди дека за разлика од Македонија кај соседите Албанија, Србија и Косово се прават договори во четири очи кои се контра правилата на развиените демократии.
Во Србија долго време на власт се Вучиќ и Рама кои ги носат главните државни одлуки а Заев ги индицира како луѓе кои водат администрации кои не се целосно на линија на западните демократии.
Зборувајќи за односите кон Кина и Русија како членка на НАТО Заев во интервју за МИА вели дека “ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите и кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме членка на НАТО и до крај се почитуваат принципите на Алијансата”.
“Македонија е целосно на линија на развиените демократии, не се споредувам тука со земјите од Западен Балкан, туку со соработката што ја има Америка со Кина, една Германија, една Франција, итн. Кај нас за разлика од нашите соседи на Западен Балкан, нема договори во четири очи… Кај нас компетитивноста и европското законодавство се императив. И тоа е така. Може кинеска фирма да работи ако победи на тендер, во четири очи нема. Мора да има компетитивност, нагласува премиерот”, вели Заев во интервјуто во кое индиректно кажува дека српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Рама за кои тврди дека му се пријатели не се целосно на линија на развиените демократии.
Официјални Тирана и Белград не реагираат на оценката на Заев.
Целото интервју на Заев за МИА






