Заев со честитка до муслиманските верници

„Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод верскиот празник Фитер Бајрам.



„Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потребни и суети, со цел приближување и возвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издрживте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата.

(…)

Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и во мое лично име Ви го честитам големиот празник Фитер Бајрам. Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање“, се додава во четитката.

извор: Makfax