Заев смени профилна на Фејсбук

Премиерот Зоран Заев ја промени профилната фотографија на фејсбук и ги повика граѓаните да носат маска.



„Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата. Јас #НосамМаска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен.

Ве повикувам сите редовно да носите маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со КОВИД-19“, напиша Заев на фејсбук