Зоран Заев вели дека Радмила Шеќеринска е негов најблизок и прв соработник, а дека најавата дека нема да се кандидира за заменк претседател на СДСМ не значи дека таа дала оставка.
„Радмила Шекеринска не поднесе оставка, таа најави дека нема намера да се кандидира за заменик-претседател во следниот мандат. Ние заедно прифативме да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Шекеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за преговорите со ЕУ. Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека ќе соработуваме на многу заеднички проекти“,вели Заев.
Лидерот на СДСМ и со одговор дали тоа сепак значи дистанцирање…
„Шекеринска ќе ја прашате дали се дистанцира од мене (…)Мислењето на Радмила за Зоран Заев, треба да го каже Радмила“ – одговори Заев.
Околу шпекулациите дека Радмила Шеќеринска ќе замине на амбасадорско место,. премиерот вели дека не е разговарано за амбасадорско место бидејќи таа е министер за одбрана.
„Би било невнимание да се разговара за тоа“.







