Ппремиерот Зоран Заев и лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села и Африм Гаши, изразиле оптимизам дека на утрешната средба ќе најдат решение за Законот за државјанство, поради кој Алијанса/Алтернатива со илјадници амандамани ја блокира работата на Собранието, дознава ТВ 21.
Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека барањето државјанство со 3-ца сведоци е нереално и понуди опција за законско решение според примерот на законот за 2004 година кога неколку илјади лица добиле македонско државјанство.
Во денешното интервју за Радио слободна Европа Зијадин Села потврди дека со сведоци нема да се добива државјанство, туку со некаков документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија.
Се предвидува како документи односно доказ да важат се ученички книшки, здравствени, работнички и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија.
Не е познато колкав е бројот на лицата кои на овој начин ќе се стекнат со македонско државјанство!






