Заев: Секој да може да одгледува по 2-3 стебла канабис

Премиерот Зоран Заев вели дека легализацијата и декриминализацијта на канабисот нема да биде привилегија само на богатите.



„Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично“, рече премиерот.

Тој додаде и дека со легализацијата на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки, како угостителството и туризмот и пак ги спомена искуствата од Холандија.