Заев се сретнал со синот на Сорос, кој нè нарече „северномакедонски граѓани“

По „кралот на марихуаната“ Биг Мајк, премиерот Зоран Заев се сретнал и со Александар Сорос, син на бизнисменот Џорџ Сорос и потпретседател на „Отворено општество“, кој на објавата на Твитер го користи изразот „северномакедонски граѓани“.



„Одлично трошење време со премиерот Зоран Заев, разговарајќи за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите северномакедонски граѓани“, твитна Сорос помладиот.

Според упатството од Министерството за надворешни работи на Никола Димитров, кој тврди дека е зацврстен македонскиот идентитет со Преспански договор што го потпиша, „северномакедонски граѓани“ е неправилна употреба на придавката.