Заев се сретна со Петков во Анталија

Екс премиерот Зоран Заев деновиве заедно со Венко Филипче учествувал на Форумот за дипломатија во Анталија покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу.



„Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи.

Тој на Фејсбук објави и фотографија со бугарскиот премиер Кирил Петков.

Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.- напиша Заев.