Премиерот Зоран Заев одлучи да не ја потпише вчерашната одлука на Владата за ново работно време само од 8 до 16 часот, која требаше да стапи во сила од утре, 1 октомври.



„Претседателот на Владата Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата. Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата“, соопшти Владата.

Така, останува флексибилното работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

флексибилното работно време беше воведено на 1 септември 2017 година. СакамДаКажам.