Заев се „пожали“ дека живее како студент – на салама и виршли

„Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив…Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам.



Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“ , вели екс-премиерот Зоран Заев во гостување на во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30 часот.

На прашањето на Жарко Димитриевски – Жаре, како се храни, Заев вели:

„Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“….