По договорот ќеѓу лидерите на ДУИ и СДСМ за заднички настап во Скопје но и за поддршка во други општини, при што не беше споменуван коалициониот партнерна СДСМ – БЕСА – денеска премиерот со изјава да дека СДСМ има коалиција и со ДУИ, ДПА и Беса и заедно ќе настапат на престојните локалните избори, рече премиерот Зоран Заев денес во Битола.
Вчера од БЕСА изјавија дека самостојно ќе одат на изборите , но веројатно добиле понуда што не можат да ја одбијат од премиерот и толку траеше предизборниот маркетинг на оваа партија
„Деталите не можеме да ги кажеме уште бидејќи не ги знаеме имињата на кандидатите, но ги знаеме принципите на коалицирање, солидарноста. Онаму каде што имаат сите партии од коалиционите партнери кандидати логично е да трчаат сите во првиот круг, ќе кажат граѓаните кој чини, а кој не, а потоа ќе се поддржиме и коалиционо“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање што ќе значи за СДСМ најавата дека ДУИ и Беса ќе коалицираат на изборите.






