Заев: Сами се понудивме да преземеме авганистански бегалци

Никој не побарал од Македонија да прими бегалци од Авганистан туку државата сама се понудила, изјави премиерот Зоран Заев .



„Никој не побара од нас, сами се понудивме да преземеме и споделиме дел од одговорноста, човечноста и хуманоста по целосното заземање на Кабул од страна на талибанските сили. Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авагнистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите“, изјави Заев.

Нашите граѓани, нагласи Заев, треба да бидат горди за тоа што учествуваме во една ваква хумана мисија. Тој потсети дека по земјотресот 1963-та Скопје прими помош од мнгу страни и дека Авганистан бил еден од првите донатори.

Прашан дали бројката од 450 авганистански државјани е конечната бројка, Заев рече дека тоа што е досега потвредено е 450 луѓе, но дека може да се јават дополнителни 50, 70, 90 луѓе, за кои како ќе биде потвредено, така и ќе информираат во јавноста.

„Капацитетите се огромни. Досега имаме хотели кои понудиле поголеми капацитети и места за 300 и 500 луѓе.Апсолутно се работи за луѓе со свои квалификации и верувам за време на нивното задржување во Северна Македонија, ќе можеме да направиме нивно здравствено и секаквко згрижување, но секако и општествен ангажман. Најважно е да го покажеме хуманиот аспект, да ги зачуваме животите, да пружиме рака према деца, студенти, жени и миротворци, активисти за човекови права, политики и т.н. “ изјави Заев.