Заев разочаран што избега Мијалков – ќе бара одговорност

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е разочаран и го чувствува гневот и на народот по „исчезнувањето“ на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков.



Премиерот очекува веднаш да биде пронајден Мијалков, и да му биде издадено решението, и истакна дека ќе побара одговорност.

„Јас сум разочаран исто како и нашиот народ. Очекувам лоцирање и пронаоѓање, и да биде спроведено решението за домашен притвор и ако биде осуден, да си ја одлежи казната.

И согласно од тоа очекувам одговорност. Дали бил МВР, премиер или било кој… одговорност очекувам. Од кого и да е. Прва поента да се најде, и доколку биде осуден да си отслужи казната, очекувам целосно одговори на тоа што се случува, и трето очекувам цела истрага“, рече Заев.

Тој демантираше дека меѓу него и Мијалков има политички договор.

Сашо Мијалков, од вчера е баран од полицијата за да му се врачи решението за домашен притвор пред пресудата за предметот „Таргет Тврдина“.