„Лесно е да блокирате. Главен предуслов за развој на оваа стопанска гранка е сопственоста на земјоделското земјиште, ако сакаме да бидеме рамо до рамо со регионот и со светот. Не постои инвеститор, не постои никаква можност за дополнителен развој без сопственост над земјиштето“в вели за првичната верзија на Законот за продажба на земјоделско земјиште премиерот Зоран Заев.



Земјиштето нема да го носи никој ниту во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа. Тоа е тука“, вели Заев додека Министерството за земјоделство го подготвува и чека коментари на решението, кое уште неизлезено предизвика лавина реакции.

Прашањето е дали ќе биде ресурс за развој или не. Нека има дебата, но дефинитивно имаме силни аргументи. Ако сакаме да растеме во бруто земјоделското производство, во смисла на максимилизација и компетитивност, неопходно е земјоделското земјиште да биде дадено во сопственост на инвеститорите“, рече денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу најаватаа државното земјиште што не може да биде пониска од 0,30 евра по метар квадратен ниту повисока од 1 евро по метар квадратен.

Премиерот на прес-конференцијата рече дека државата не го прави ова заради пари во буџетот. 

„Парите се релативна работа. Парите од продажбата ќе одат за гасификација и за помош за локалните самоуправи, рече Заев и додаде дека земјиштето нема да се продава на странци, нема да може да се урбанизира и да се препродава извесен период.

Во моментов во Македонија има над 110.000 хектари слободни.државни површини кои може да бидат земјоделски обработувани. Фактор